Напад врз полицаец и апсења на четири лица кои се однесувале агресивно со полициски службеници, во пресрет на Денот на полицијата

policija-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во пресрет на 7 мај – Денот на полуцијата, и денес билтенот на МВР е полн со апсења поврзани со напад и агресивно однесување кон полициските службеници.

Така, според информациите од МВР, вчера приведен е  Ѓ.С.(49) од Берово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.05.2024 во 04.10 часот на Градскиот плоштад во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода М.И.(33) од Ресен затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.05.2024 во 14.35 часот во с.Долна Матка, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.И.(46) од с.Шишево, скопско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.05.2024 во 01.30 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.А.(19) од Скопје затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK