Полицијата вчера во Чаир приведе три лица кои извршиле тешка кражба во Кисела Вода по што се дале во бегство.
За време на апсењето, крадците ги нападнале полициските службеници.
„Синоќа (06.01.2024) во Скопје, на подрачје на Чаир, од страна на полициски службеници лишени се од слобода М.Ќ.(32), Н.С. (28) и Н.С.(35) од Скопје постапувајќи по пријава дека околу 20.30 часот на територија на Кисела Вода извршиле кривично дело “тешка кражба”, по што се дале во бегство. Но, по преземени мерки од полициски службеници, тројцата се лишени од слобода. При приведувањето тие ги нападнале полициските службеници“ велат од МВР за настанот.
По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.