МВР: Утврден е идентитетот на матурантот кој недолично се однесувал кон полициски службеник

hronika
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи соопшти дека го идентификувале матурантот кој недолично се однесувал кон полициски службеници. Тој, како што велат од МВР, ќе биде повикан на разговор во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







– Во врска со прашањето за лицето кое недолично се однесува на јавно место, идентитетот на истиот е утврден и од страна на полициски службеници од ЕВР Карпош ќе биде повикан во Полициска станица Карпош и против него ќе се поднесат соодветни прекршочни пријави, велат од МВР.

На социјалните мрежи се појави видео од матурант кој качен на возило пред хотелот „Александар палас“ недолично се однесува кон полициски службеник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK