Вчера попладне во 16.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ удрило во малолетник, по што го напуштило местото, извести МВР.
– Малолетникот бил пренесен во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде била констатиран смрт. По кратко време, по преземени мерки и активности, полициски службеници го пронашле возилото и возачот З.Ш.(21) од Скопје, кој бил приведен, соопшти МВР.
Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.