МВР со детали за сообраќајката кај Штип: загина 66-годишник, сопатничката тешко повредена, вториот возач е приведен

soobrakajka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шеесет и шестгодишен маж загина во сообраќајката што се случи вчера попладнето на патот Велес-Штип.


Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале „бмв“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(29) од с.Супурге, радовишко и патничко возило „сузуки“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од В.П.(66) од селото Каратманово, општина Лозово.

„Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал возачот В.П., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Сопатничката во возилото „сузуки“, Б.П.(60) се здобила со тешки телесни повреди констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Возачот А.А. се здобил со телесни повреди“, објави МВР.

По извршениот увид, по наредба на јавен обвинител, полициски службеници од ОВР Свети Николе го привеле возачот А.А. за понатамошна постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK