МВР: Кривична пријава за примање поткуп

mvr_zgrada_34534534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Единицата за Корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против М.К.(42) село Дражево, општина Ново Село, со живеалиште во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, казниво по член 357 од Кривичниот законик.







-Пријавениот, во својство на раководител на сектор во АД „Водостопанство“ на Република Северна Македонија – Скопје, кон крајот на 2022 година и на 19.05.2023 остварил средби со друго лице со цел да му овозможи да добие концесија за експлоатација на песок во Кратово и да склучи договор со АД „Водостопанство“, при што примил поткуп во вкупна вредност од 6.000 евра, по 3.000 евра на секоја средба. Тој бил лишен од слобода вчера во Скопје веднаш откако ги земал парите од лицето и во координација со јавен обвинител му е поднесена пријавата, информираат денеска од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK