Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 445 возачи.
Од нив, 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 309 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 136 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.