Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Ѓ.Ч.(23) од с.Митрашинци, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 08.10.2023 во с.Митрашинци, пријавениот упатил закани и се обидел физички да нападне службено лице – државен инспектор во Државниот инспекторат за шумарство и ловство, кој вршел службени дејствија.