Триесет и едногодишниот Ф.С. од Гостивар вчера во 19 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 19 часот, пред неговиот дом на улица „204“ во Гостивар, З.Б. му се заканил со пиштол, поради претходни недоразбирања.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.