Вчера во 14.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат село Волковија – Тетово, во близина на тетовски Челопек, 61-годишниот А.Л. од тетовски Челопек, управувајќи мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во тетовската Клиничка болница“, соопшти МВР.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.