Мотоциклист направил сообраќајка, па удрил во паркирано возило во струшко

Мотоциклист-направил-сообраќајка-па-удрил-во-паркирано-возило-во-струшко.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера околу 16.15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат во с.Велешта, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од С.К.(61) од с.Долно Дупени, ресенско и мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од А.И.(30) од с.Велешта, по што мотоциклот удрил во паркирано патничко возило „фолксваген кеди“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на Х.Х.(66) од с.Велешта.



По несреќата, мотоциклистот А.И. бил пренесен во болницата „Св.Еразмо Охрид“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Струга.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK