Во 00.45 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на автопатот Гостивар – Тетово, на наплатна станица Гостивар, патничко возило „сеат ибица“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Е.(19) од с.Чегране, гостиварско, излетало од патот и удрило во столб.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.Е., кој починал при транспорт во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.