Мерцедес излетал од патот за кичевското село Бигор Доленци, возачот бил без знаци на живот

Мерцедес-излетал-од-патот-за-кичевското-село-Бигор-Доленци-возачот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера во 06.15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локален пат за кичевското село Бигор Доленци, патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки излетало од патот, а возачот бил без знаци на живот, извести МВР.

Од увидот, извршен по наредба на јавен обвинител, констатирано е дека станува збор за 49-годишниот Е.Л. од селото Лисичани, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, извести МВР.

По завршената обдукција било утврдено дека смртта кај возачот настапила пред несреќата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK