Вчера во 9 часот и 40 минути во СВР Тетово е пријавено дека екипа на гостиварската Итна помош интервенирала на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар каде го пронашле паднат на тротоар 63-годишниот гостиварец К.Н..
Тој е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.
Полицијата соопшти дека се расчистува случајот.