Во Полициската станица Кочани вчера во 12.47 часот било пријавено дека во Кочани, на крстосница со кружен тек, М.П.(52) од Виница, кој управувал мопед „пежо“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата М.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.