Седумдесетгодишен жител на Струмица починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, неколку дена откако бил повреден во пожар во неговиот дом.
„На 18 јули во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во 19:30 часот во Ургентниот центар починал В.Т. (70) од Струмица“, соопшти МВР.
Според пријавеното, тој бил примен на лекување со повреди здобиени во пожар што избувнал во неговиот дом во Струмица на 15 јули.