Маж одбил да плати за производите кои ги зел, а потоа се закнувал со нож. Ваква драма синоќа се одвивала на бензинска пумпа во скопската населба Карпош.
Се работи за 32-годишен скопјанец со иницијали Е.А. кого полицијата го привела.
Според информациите од МВР настанот се случил нешто пред полноќ.
„Одбил да плати за производите кои ги зел и се заканувал со остар предмет кон вработените“, информираа од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.