Масовна физичка пресметка го наруши јавниот ред и мир синоќа во скопската општина Шуто Оризари, при што две лица се здобиле со тешки повреди, а дури единаесетмина завршиле во полициска станица.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, инцидентот во СВР Скопје бил пријавен на 03.06.2026 година во 23:04 часот. Според пријавата, во тепачката учествувале повеќе лица.
Во пресметката со тешки телесни повреди се здобиле Е.Ј. (35) и М.Ј. (37), кои итно биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Полициските службеници брзо интервенирале на терен и лишиле од слобода 11 лица, сите од Скопје, кои учествувале во инцидентот. Приведени се:
С.Џ. (53), М.С. (27), Џ.Џ. (28), А.К. (44), С.С. (29), Ф.М. (46), Ф.С. (20), Д.Ј. (21), Е.Ј. (32), Ј.Ј. (27) и Н.Ј. (54).
Од полицијата додаваат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што против инволвираните ќе биде поднесен соодветен поднесок.