Четириесет и шестгодишниот Б.С. од гостиварско Чегране вчера во 17 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 14 часот во дворот на гостиварско средно училиште, во кое учел, неговиот малолетен син бил нападнат од три лица, ученици во истото училиште, извести СВР Тетово.
Според пријавеното, на едниот од нив и тој му возвратил. Се расчистува и документира случајот, додаваат од СВР Тетово.