Четириесет и петгодишниот Ф.А. од тетовска Голема Речица, вчера (19 март) во 13 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 11 часот и 30 минути во близина на тетовско средно училиште, во кое учел, неговиот малолетен син физички бил нападнат од И.А., татко на негов соученик.
Според пријавеното, тој претходно имал вербални недоразбирања со синот на напаѓачот, кој му се заканил и со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.