Во пукање во близина на наплатната рампа во Прешево, тешко ранета е млада жена, а мажот кој пукал во неа се самоубил. Таа потоа од здравствениот дом во Врање била пренесена во Ниш и била оперирана во Ургентниот центар.
Како што објави РТС од Вишото јавно обвинителство Врање, мажот (1972) е државјанин на Северна Македонија, а девојката е од Србија (1994).
Тие биле заедно во автомобилот, а по кратка расправија жената излегла од автомобилот и почнала да бега. Мажот испукал неколку куршуми кон неа, а потоа си пукал во глава.
Тешко ранетата жена била пренесена во Здравствениот дом во Врање, а потоа во придружба на Брза помош во Универзитетскиот медицински центар Ниш.
По прегледот, констатирани се повреди на душникот, вратни пршлени и инклузија на воздух во градната празнина, како и контузија на белодробното крило од левата страна.
На пациентката итно и била укажана хируршка интервенција во операционата сала на Ургентниот центар, по што е хоспитализирана на Клиниката за интензивна нега на Универзитетскиот медицински центар Ниш.