Лишен од слобода струмичанец, превезувал мигранти со возило со регистраски таблички од друго возило


mvr.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата синоќа во 19.30 часот во близина на крстосница од локален пат с.Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, го лишила од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик.


При контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од пакистан, две од Авганистан и едно од Турција. Додека, по извршени дополнителни проверки било констатирано дека регистарските таблички припаѓале на возилото, а тој го управувал без возачка дозвола – информира Министерството за внатрешни работи.

За настанот е известен јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, против Д.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK