Лишен од слобода крадец во Куманово, одземеното вратено на сопственикот

kradec
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 24.08.2023 во 11.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(27) од Куманово. Тој се сомничи дека на 22.08.2023 од приватен имот на ул. „Живко Чало“ во Куманово одзел повеќе предмети, додека на 23.08.2023 бил затекнат при обид да изврши кражба од куќа на улицата „30 Јули“ во Куманово. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а С.Р. бил задржан во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

(Извор: МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ)


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK