Синоќа во тетовска Брвеница, полицијата го приведе 43-годишниот Ј.Ј. од ова село затоа што на неговата семејна веселба било пукано со огнено оружје, при што еден заталкан проектил завршил во куќата на 81-годишниот соселанец С.Т..
Куршумот причинил оштетувања на дел од објектот, велат од МВР.
Нема повредени лица, извршен е увид, а Ј.Ј. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.