Кривична против жена од кавадаречко, ја искористила личната карта на мајка си и подигнала брз кредит

Кривична-против-жена-од-кавадаречко-ја-искористила-личната-карта-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против 36-годишната Ш.А. од село Марена, кавадаречко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и против И.Н.(43) и Г.П.(30), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, извести МВР.


– На 02.10.2021, првопријавената ја употребила личната карта на нејзината мајка во подружница на мобилен оператор во Гостивар и склучила договор за месечна претплата. Истиот ден, Ш.А. повторно ги злоупотребила личните податоци од нејзината мајка во продавница за брзи кредити во Гостивар и подигнала брз кредит, соопшти МВР.

Второпријавениот, како агент за продажба во подружница на мобилниот оператор во Гостивар, и третопријавената, вработена како агент за склучување договори во продавница брзи кредити пропуштиле да извршат надзор при идентификување на клиентот и овозможиле на првопријавената да се стекне со противправна имотна корист.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK