Кривична против скопјанец, се заканувал на вработен во Државниот инспекторат за транспорт

Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против 45-годишниот Ј.Д. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, извести МВР.

„На 11.08.2023, пријавениот телефонски упатил закани кон вработен во Државниот инспекторат за транспорт – подрачна канцеларија Крива Паланка поради тоа што претходно, при контрола на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, констатирал дека со товарно возило се врши јавен превоз на стока без лиценца, по што презел соодветни мерки“, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK