СВР Тетово поднесе кривична пријава против 57-годишниот С.М. од село Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторeно кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, извести МВР.
– Во текот на 2019 година, пријавениот со парите стекнати од инкриминирани дејствија поврзани со кривично дело „даночно затајување“, купил патничко возило во износ вкупно од 1.359.600 денари од авто салон во Тетово, додаде МВР.