Кривична против маж од Свети Николе, како директор на училиште во Лозово ја злоупотребил својата положба

ucilisna-godina-dnevnik-ucilnica.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против 45-годишниот Г.В. од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, извести МВР.


„Во периодот од февруари до декември 2020 година, Г.В., во својство на директор на основно училиште во Лозово, без да спроведе постапка за јавна набавка, дозволил да се извршат плаќања за превозни и такси услуги за вработените во училиштето во вредност од 153.562 денари, а за извршените плаќања не доставил извештаи за која цел било патувањето и дали биле за потребите на училиштето“, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK