Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 29-годишниот В.Ф. од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, извести МВР.
– Во периодот од август до септември 2022 година, пријавениот измамил 75-годишник од Гостивар дека ќе го купи неговото возило „опел вектра“ за 400 евра и дека ќе го плати за 10 дена. Тој го зел возилото, но до пријавувањето не го платил, соопшти МВР.