ОВР Струга поднесе кривична пријава против 38-годишниот Б.С. и 36-годишниот С.К., двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „спречување на службено лице при вршење службени дејствија“, извести МВР.
„На 13.04.2024 во угостителски објект во струшката населба „Езерски лозја“, тие предизвикале расправија со присутните гости, а потоа пред објектот оштетиле неколку автомобили и физички го нападнале вработениот А.Н.(38) од Охрид, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга“, соопшти МВР.
Двајцата агресивно се однесувале и кон полициските службеници кои пристигнале на местото и преземале службени дејствија.