Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против 45-годишниот И.П. од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, извести МВР.
„Пријавениот, подолг временски период ги оставал без храна и вода домашните животни во неговата фарма што било потврдено при обдукција на дел од животните“, соопшти МВР.