Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 37-годишниот Д.Р. од село Облешево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„Во периодот од 24.02 до 28.02.2024 на социјалната мрежа Фејсбук, пријавениот во неколку наврати испратил пораки со заканувачка содржина на тројца полициски службеници“, соопшти МВР.