Кривична пријава за компјутерска измама и лажно претставување за двајца тетовци и едно право лице

svr-tetovoo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во тетовско Селце Кеч, А.М.(22) од истото село и А.С.(36) од тетовско Милетино. Против правниот субјект поради основи на сомнение за сторени три кривични дела. „компјутерска измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „лажно претставување“, А.М. поради основи на сомнение дека ги сторил трите споменати кривични дела и А.С. поради сомнение дека сторил кривично дело „неосвесно работење во службата“.

-А.С. се сомничи дека како вработен во општина Тетово во текот на 2021 година креирал е-маил адреса и му ја предал на А.М., кој е сопственик и управител на правниот субјект, без согласност и знаење на неговиот претпоставен во општина Тетово. Оваа службена е-адреса A.M. потоа ја користел за директен контакт со повеќе социјални мрежи, лажно претставувајќи се дека е началник на Отсек за превенција на сајбер криминал за подрачјето на Тетово и користејќи лажна легитимација со лажен број, eлектронската адреса ја користел за затворање профили и кориснички имиња, а правниот субјект, пак, лажно се претставувал како државна агенција за сабјер криминал, информира СВР Тетово.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK