Санкционирани 186 возачи за брзо возење

radar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила, што се движат со брзина поголема од дозволената. Притоа, санкционирани се 186 возачи, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.







– Од нив, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 121 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 65 надвор од населено место, се наведува во соопштението.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK