Кривична пријава за едно лице за криумчарење

kriumcarenje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата вчера во 18:30 часот на граничниот премин „Деве Баир“ го лишила од слобода З.В.(51) од Република Албанија, со бугарска патна исправа.

Како што соопшти МВР, при контрола, извршена од полициските службеници со екипа од мобилната царина, во автобусот кој го управувал З.В. биле пронајдени и одземени 67 пакувања различни видови стероиди во ампули за кои не поседувал никаква документација.


Тој бил задржан во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава за криумчарење по член 278 од Кривичниот законик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK