Краделе по куќи и магацини: приведени крадци во гостиварско

hapsenje-privodjenje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден во 12.30 часот во гостиварско Дебреше и во 22.00 часот во населба Млаки во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение Галате и ОВР Гостивар ги лишиле од слобода С.С.(36) од Дебреше и А.К.(43) од гостиварско Леуново.


Тие се сомничат дека во текот на последниот месец извршиле повеќе тешки кражби во куќи и магацини на подрачјето, од каде што одзеле повеќе предмети.

Тие се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK