Во магацин од фирма, вршел производство на екстракти од марихуана за медицински цели: кривична за маж од Кочани

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.К.(73) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.



Пријавениот, во магацинските простории на својата фирма во Кочани, вршел производство на екстракти од марихуана за медицински цели и покрај тоа што дозволата за оваа дејност му завршила во 2022 година.

На 15.02.2024, при претрес во магацинските простории, биле пронајдени и одземени 122 килограми марихуана и 31,39 литри масло од канабис.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK