Утрово во 02.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(42) од Куманово.
Тој се сомничи дека на 21.08.2023 со употреба на сила влегол во трговски објект на улица „Доне Божинов“ во Куманово и одзел повеќе предмети.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а М.Д. бил приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.