Казни за 218 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

radar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 218 возачи.

Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, соопштија денеска од МВР, 110 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 108 надвор од населено место.


Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK