Казнети 426 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден санкционирани се 426 возачи.

Од МВР денеска соопштија дека од нив 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 215 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 211 надвор од населено место.



Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK