Казнети 124 возачи во Скопје

brzina_radar_stop_34544
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во сообраќајна контрола на територија на Скопје полицијата вчера казнила 124 возачи, од кои 16 за возење со брзина поголема од  дозволената.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, седум санкции се изречени за возење без возачка дозвола, три за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.


-Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светли, седум мерки за возач почетник…, информира МВР.

Министерството укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK