Вчера во ОВР Прилеп било пријавено дека во атарот на с. Алинци, прилепско на местото викано „Џаферица“ биле пронајдени граната и минофрлач.
Веднаш бил повикани пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување каде било констатирано дека се работи за граната Ф 105 мм од германско производство и еден минофрлач 62мм, кои потекнуваат од Првата светска војна се вели во соопштението на МВР.