Вчера на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле М.Л.(29) од Република Албанија затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостасуваат неколку страници.
Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.