На територијата на СВР Битола вчера во периодот од 16 до 22 часот спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 77 возачи.
Од нив, како што соопштуваат од полицијата, 51 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 26 надвор од населено место. Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.