Изречени 54 казни за непропуштање пешаци на пешачки премин


peshaci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 14.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 54 возачи.

За време на контролата, информираа од МВР, санкционирани се и 137 останати прекршоци.


Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK