Изречени 48 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

mvr_stop_56756
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи вчера во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на целата држава спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

Како што соопштуваат од МВР, при контролата, санкционирани се 48 возачи, а за време на контролата санкционирани се 133 останати прекршоци.



– Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници, се вели во соопштението од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK