Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Републиката за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 205 возачи.
Од нив, како што соопшти денеска МВР, пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
-Притоа 134 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.