Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека во 08.15 часот на патот Мавровска крстосница – Дебар, во близина на с.Болетен, општина Маврово и Ростуше, Ј.М. (40) од с.Велебрдо, општина Маврово и Ростуше, управувајќи патничко моторно возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото се превртел на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.М., констатирани во Општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.
Увид на местото бил извршен од екипа од ОВР Гостивар.