Изгоре помошен објект во пожар во пехчевското село Црник

pozar 3434
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во пожар изгоре помошен објект во село Црник. Пожарот избувнал денеска напладне, а во неговото гаснење учествувале пожарникари од Пехчево и Берово.

-Пожарот во село Црник е пријавен околу 12 часот. Во него изгоре плевна, а причинета е материјална штета со изгорено сено и алат, информираа од Доброволното противпожарно друштво од Пехчево.



Во интервенцијата имале помош од колеги од Територијалната противпожарна единица од Берово со кои заеднички за краток период успеале да ја изгасната огнената стихија, не дозволувајки истиот да се прошири во блиското опкружување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK