Дваесет и деветгодишниот гостиварец С.С., вчеравечер во 22 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 21 часот во угостителски објект на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар физички бил нападнат од две лица, кои ги познавал и со кои подолго време имал меѓусебни недоразбирања, извести СВР Тетово.
Според пријавеното, едниот од напаѓачите му се заканил и со остар предмет, соопшти СВР Тетово.
Се расчистува и документира случајот и пријавените ќе се соочат со соодветни поднесоци.